ДВЕ РЕКЛАМИ НА „ЗАРА“ ЗАБРАНЕТИ ЗАШТО МАНЕКЕНКИТЕ БИЛЕ ПРЕМНОГУ СЛАБИ

    ДВЕ РЕКЛАМИ НА „ЗАРА“ ЗАБРАНЕТИ ЗАШТО МАНЕКЕНКИТЕ БИЛЕ ПРЕМНОГУ СЛАБИУправата за рекламни стандарди соопшти дека на една реклама манекенката изгледа многу  слаба, а позата со длабоко деколте на на друга слика ѝ ги покажува испакнатите клучни коски. (Фото: Зара)

    Две реклами од модниот бренд „Зара“ се забранети поради прикажување манекенки кои изгледале „нездраво слаби“. Управата за рекламни стандарди (АСА) соопшти дека на една реклама манекенката изгледа многу  слаба, а позата со длабоко деколте на друга слика ѝ ги покажува „испакнатите“ клучни коски.

    Надзорното тело пресуди дека „неодговорните“ реклами не смеат повторно да се појават во нивната сегашна форма и дека „Зара“ мора да се погрижи сите нејзини слики да бидат „подготвени одговорно“.

    „Зара“  ги отстрани рекламите и рече дека двете манекенки за кои станува збор имале медицински сертификат што докажува дека биле во добра здравствена состојба кога биле снимени фотографиите.

    Една реклама беше за краток фустан, а надзорното тело смета дека се користеле сенки за нозете на моделите да изгледаат „забележително слаби“. (Фото: Зара)

    Двете забранети реклами претходно се појавија на апликацијата и на веб-страницата на брендот. Една реклама беше за краток фустан, а надзорното тело сметаше дека се користеле сенки за нозете на моделите да изгледаат „забележително слаби“. Другата забранета реклама беше за кошула, а се вели дека „испакнатите“ клучни коски се „главна карактеристика“ на рекламата.

    Од „Зара“ рекоа дека конкретно се придржувале до препораката број три од извештајот од Управата за рекламни стандарди, во кој се вели дека моделите „треба да обезбедат лекарско уверение со кое се потврдува нивното добро здравје од лекари со експертиза во препознавањето на нарушувања во исхраната“.

    Ова следи откако рекламите од други брендови беа забранети претходно оваа година со модели кои се премногу слаби. Во јули, реклама на „Маркс енд Спенсер“ беше забранета затоа што моделот изгледаше „нездраво слаб“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира