ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ НА „ТРАБАНТ“ ОД 1993 ИЗЛОЖЕН ВО МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕН

    ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ НА „ТРАБАНТ“ ОД 1993 ИЗЛОЖЕН ВО МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕН„Трабант“ може да помине до 30 километри, а со соларните ќелии поставени на покривот, може да помине уште плус 10 километри, кога има сонце. (Фото: ДПА)

    Електричен модел на „трабант“, автомобилот од 1980-тите познат по издувните дизел гасови во тогашната комунистичка Источна Германија, е изложен во Музејот за транспорт во Дрезден. Овој модел ѝ се придружи на поставката со средства за железнички, бродски, патен и воздушен сообраќај стари повеќе векови.

    Според портпаролот на Музејот, електричниот „трабант“ не е само уште еден модел во пост-тесла бранот на автомобили на електрични батерии, туку ова возило било претворено во електрично уште во 1993 од хемичарот д-р Дитер Шулце.

    Иако повеќето електрични коли може да поминат над 500 километри со едно напојување, „трабанот“ може да помине до 30 километри, а со соларните ќелии поставени на покривот кога има сонце може да помине уште плус 10 километри.

    Уште во 1968 Шулце првпат претворил „трабант“ во електрично возило користејќи два електрични мотора од електричните возила на Поштата и оловна батерија за вилушкари. Неговата цел била да го користи за да стигне до свооето работно место побрзо и поевтино отколку со трамвај.

    Шулце му го продал автомобилот на сосед во 2013, кој сега го подарил електричниот модел на Музејот во Дрезден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира