Компанијата „Емирати“ соопшти дека постигнала договор за купување на 20 авиони од типот „ербас А380“, со можност за дополнителни 16, што ќе значи спас за гордоста на европската авијација.
Неодамна беше објавено дека „Ербас“ би можел да го прекине производството на овој модел поради слаба побарувачка и единствениот спас го гледаше во најавената зделка со „Емирати“. Со овој договор, што се проценува на 16 милијарди долари, иднината на „А380“ е обезбедена за одредено време.
- „ЕРБАС“ ЌЕ ГО ЗГАСНЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА А380 АКО ПРОПАДНЕ ЗДЕЛКАТА СО „ЕМИРАТИ“
- „ЕМИРАТИ“ НЕПРИЈАТНО ГО ИЗНЕНАДИЈА ЕРБАС СО НАРАЧКА НА 40 БОИНЗИ НА САЕМОТ ЗА АВИОНИ ВО ДУБАИ
„Ова значи дека ‘Ербас‘ ќе може да го произведува ‘А380‘ и во наредните десет години“, изјави шефот на продажбата на „Ербас“, Џон Лихи.
„Емирати“ е најголемиот купувач на „А380“ и во својата флота веќе има 101 ваков авион и уште 41 во нарачка. „Ербас“ ја постави цената на еден авион на 445,6 милиони долари, но во преговорите, таа најчесто се намалува.
„Оваа порачка ќе ја обезбеди стабилноста на производствената линија на ‘А380‘. Ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со ‘Ербас‘“, кажа извршниот претседател на „Емирати“, шеик Ахмед бин Саед ал Мактум.