ПРЕСПАНСКАТА ПАСТРМКА ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА СО ГРАНТ ОД СТРАНСТВО

    ПРЕСПАНСКАТА ПАСТРМКА ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА СО ГРАНТ ОД СТРАНСТВОПреспанската пастрмка може да се најде во три реки во Македонија (Фото: Љ. Стефанов)

    Балканската фондација за одржлив развој (БФСД) доби грант за поддршка на активностите за заштита на ендемската преспанска пастрмка, која се наоѓа на листата на загрозени животински видови.

    Главното живеалиште на оваа риба е Брајчинска Река, која поминува низ националниот парк Пелистер, но помали популации можат да се најдат и во Кранска Река и Лева, кои не се во составот на паркот.

    Грантот ќе ѝ овозможи на БФСД, во соработка со невладината организација „Еко-свест“, да осмисли и спроведе акциски план за заштита на преспанската пастрмка. Освен популацијата на преспанската пастрмка во Северна Македонија, со планот ќе се опфати и заштитата на овој вид во реката Агиос Германос во грчкиот дел на Преспа.

    Со планот ќе се направи проценка за распространетоста, бројноста и статусот на преспанската пастрмка во трите реки, за да се ажурираат податоците од истражувањето направено пред изградбата на трите хидроцентрали на Брајчинска Река и Кранска Река во 2013 и 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира