ЕРДОГАН ПОТПИША УКАЗ ЗА ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ ВЛАКНА „ЗА ПРЕКРАСНА ТУРЦИЈА“

    ЕРДОГАН ПОТПИША УКАЗ ЗА ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ ВЛАКНА „ЗА ПРЕКРАСНА ТУРЦИЈА“По едночасовен говор за претстојниот референдум за зголемување на претседателските овластувања, Ердоган го потпиша указот, опкружен со козметичарки. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги собра козметичарите во неговата палата со 1.100 соби на потпишувањето на указот за ласерско отстранување влакна. Собирот на козметичарите, насловен „За прекрасна Турција, секако, да“ беше емитуван во живо на телевизија.

    По еден час говор за претстојниот уставен референдум за зголемување на претседателските овластувања, Ердоган, опкружен со козметичарки, го потпиша указот, кој веднаш стапи во сила и со кој се уредува кој има право да врши ласерско отстранување влакна.

    Изминатите години во Турција имаше илјадници случаи на луѓе хоспитализирани со сериозни изгореници, инфекции и други кожни деформитети по третмани за ласерско отстранување влакна поради несоодветна употреба на технологијата.

    Со указот на Ердоган, само клиниките коишто ќе добијат одобрување од министерството за здравство ќе смеат да изведуваат ласерско отстранување влакна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира