ЕТНА ЕРУПТИРАШЕ И ПРЕДИЗВИКА НАД 130 ЗЕМЈОТРЕСИ

    ЕТНА ЕРУПТИРАШЕ И ПРЕДИЗВИКА НАД 130 ЗЕМЈОТРЕСИВулканолозите забележале значителен раст на Етна во изминатите години (Фото: Твитер)

    Најактивниот европски вулкан Етна еруптираше денеска, предизвикувајќи повеќе од 130 земјотреси со јачина до четири степени според Рихтеровата скала.

    Локалната опсерваторија соопшти дека лавата избива од нова пукнатина во близина на југоисточниот кратер.

    „Ова е прва странична ерупција по повеќе од десет години“, изјави еден локален вулканолог.

    Вулканскиот пепел ги покри околните села, а привремено беше затворен и аеродромот во Катанија, по што беа дозволени четири слетувања на час. Италијанскиот вулканолошки институт објави дека за период од три часа биле регистрирани над 130 земјотреси, од кои најголемиот имал магнитуда од четири степени.

    Иако ерупциите на Етна се чести, Институтот во август соопшти дека вулканот последниве години пораснал побрзо од кога било.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира