ЕУРОЛИНК ДОНИРАШЕ ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС ВО БИТОЛА

    ЕУРОЛИНК ДОНИРАШЕ ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС ВО БИТОЛА„Таблетите претставуваат одлична можност и за меѓусебна комуникација меѓу децата, надвор од училишните активности. Во таа насока, оваа донација е за нивна лична употреба“, вели Маре Стојменовска Мицева, директор на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола.

    Еуролинк осигурување денеска во Битола донираше 76 таблет компјутери за децата од Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“, соопшти компанијата. Заводот„Кочо Рацин“ години активно работи веќе 70 години на рехабилитација и образование на децата со оштетен слух, говор, глас.

    Во заводот се регистрирани 76 деца од целата држaва, од кои 36 се интернатски сместени. Во однос на типот и степенот на попреченост во институцијата се опфатени деца со оштетен слух, деца со аутизам, деца со интелектуална попреченост и деца со комбинирани пречки во развојот – мултихендикепирани деца.

    „Во годината кога Еуролинк слави 15 години од своето постоење, продолжуваме да го даваме својот придонес во поддршка и унапредување на образованието, овој пат за децата со оштетен слух, говор и глас за да им го олесниме пристапот во совладување на воспитно – образовната програма, да им овозможиме еднакви можности за развој, како и на другите нивни врсници“, кажа Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осигурување.

    Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност на осигурителната компанија „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари