ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА 30 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

    ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА 30 СТУДЕНТИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“типендијата на Еуролинк осигурувањe е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовни студенти од првиот и вториот циклус на студиите. - Стипендистите за учебната 2018/19 година (Фото: Еуролинк)

    Еуролинк осигурување, шеста година по ред, распишува конкурс за доделување на 30 Еуролинк стипендии наменети за сите редовни студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ, соопштија од компанијата. Станува збор за 5 стипендии наменети за редовните студенти на додипломски студии (прв циклус) во поединечна вредност од 40.000,00 денари и 25 стипендии за студентите на постдипломски студии (втор циклус) во поединечна вредност од 60.000,00 денари. Вкупната вредност на стипендиите за прв и втор циклус изнесува 1.700.000,00 денари.

    Право на аплицирање имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ и кои имаат редовен упис во учебната 2018/2019 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2019/2020 година. За аплицирање за стипендијата потребно е студентите да ги исполнуваат следните услови: да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5, да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата, да достават потврда за редовен студент за учебната 2019/2020 година, пополнет пријавен лист за доделување стипендија (кој може да се преземе од интернет-страницата на Еуролинк осигурување), уверение од положени испити, куса биографија (пожелно да биде во ЕУ формат ) и есеј на тема „Улогата на студентите во општествените промени“, од најмногу 500 збора.

    Еуролинк ги поканува студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ да ги поднесат своите апликации за Еуролинк стипендија од денес, 23.5.2019, до 1.10.2019 година. За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата, студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк.
    Еуролинк стипендиите се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии.

    Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ e активност во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија. Досега, Еуролинк осигурвање стипендираше над 130 студенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира