„Еуролинк осигурување“ АД Скопје покажа одлични резултати во првиот квартал од годината и ја зазема првата позиција на домашниот пазар на неживотно осигурување со учество од 14,67%. Во првиот квартал, „Еуролинк осигурување“ оствари бруто полисирана премија од 333 милиони денари, што претставува раст од 6% во споредба со истиот период лани, во услови кога растот на пазарот изнесуваше 5%.
Од формирањето до денес, компанијата има опслужено речиси 600.000 клиенти и има пласирано бројни новитети кои го обликуваат пазарот на осигурување во земјата. Во март 2020 стана дел од реномираната групација „Граве“.
„Нашата деловна политика се состои од преземање одговорни и одржливи одлуки што носат успех на долг рок. Зад нас е тешка година, но искуството на целиот тим, посветеноста во работата и највисоките стандарди во однос на грижа за клиентите носат солиден и стабилен раст, што нè поставува на врвот на индустријата. Горди сме што граѓаните и компаниите го препознаваат квалитетот што го нудиме. Имајќи предвид дека сè уште владеат услови на несигурност поради пандемијата, нашето внимание и оваа година е целосно насочено кон поддршката на нашите клиенти како нивни силен и сигурен партнер“, вели Марија Томеска, претседателката на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.
Во периодот што следи, компанијата планира со нови понуди и услуги дополнително да го збогати осигурителниот пазар кај нас.