ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ СО НАГРАДА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

    ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ СО НАГРАДА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА„Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на компанијата, кои со голема доверба и лојалност ни ја доверуваат заштитата на највредните нешта во животот“ - Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување

    Компанијата Еуролинк Осигурување ќе добие награда и признание за придонес за развојот на претприемништвото во средна и југоисточна Европа на свеченоста на проектот „Создавачи за векови“ за 2018 година, соопшти компанијата. Дополнително, имајќи ги предвид територијалната распространетост на компанијата и достапноста на услугите, како и значајниот раст на работата во 2018 година, Меѓународниот комитет кој одлучува за наградите реши да се додели и Голема награда за придонес за развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа на претседателката на Надзорниот одбор на компанијата Олга Костовска и претседателката на Управниот одбор Марија Томеска.

    Свеченоста на доделување на наградите и признанијата „Создавачи за векови“ ќе се одржи во Дубровник од 22 до 24 март. Паралелно со свеченостите, ќе се одржи и 6. Регионален самит на стопанственици од средна и југоисточна Европа „300 најдобри“.

    На свеченоста на доделување на награди и признанија ќе присуствуваат околу 200 гости, меѓу кои највисоки хрватски функционери, министри за економија/земјоделие/туризам од земјите на лауреатите, припадници на дипломатскиот кор во Хрватска, директори и уредници на медиуми од регионот, невладини организации и други личности од јавниот живот.

    Конечната одлука околу лауреатите за 2018 година ја донесе независен Меѓународен комитет, составен од 13 истакнати стручњаци за економија, маркетинг, трговија, менаџмент и финансии од 8 земји, а меѓу почесните членови е германскиот експерт Рајнхард Прибе. Македонски член на комитетот е Билјана Секуловска-Габер, која наедно е и заменик на претседателот.

    Меѓу досегашните лауреати се некои од најголемите и најугледните бизнисмени од 9 земји (БиХ, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово, Македонија, Германија, Словенија и Србија). Македонски лауреати се Светозар Јаневски од Тиквеш, Трајче (постхумно) и Живко Мукаетов од Алкалоид и Бранко Азески од Стопанска комора.

    „Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на компанијата, кои со голема доверба и лојалност ни ја доверуваат заштитата на највредните нешта во животот. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме  во остварување на оваа голема визија“, изјави Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување по повод доделената награда.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира