ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ВОВЕДЕ ОНЛАЈН ПОЛИСИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА

    ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ВОВЕДЕ ОНЛАЈН ПОЛИСИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА

    Еуролинк осигурување од денес нуди онлајн продажба на полиси за регистрација на возила, соопшти осигурителната компанија. Полиса за регистрација на возилото, односно полиса за осигурување од автомобилска одговорност, сега може се купи онлајн преку веб страницата на Еуролинк осигурување.

    Единствен услов е возилото да е веќе регистрирано во базата на Националното биро за осигурување, односно да има полиса без разлика од која осигурителна компанија. Со купената онлајн полиса за регистрација на возило, Еуролинк осигурување на своите клиенти им овозможува да одберат и да го осигураат своето возило од дополнителни ризици – кршење на стакло, осигурување од незгода, а исто така можат да купат и Зелена карта, која ќе им биде доставена.

    Kупената полиса за автомобилска одговорност клиентот ја добива во електронска форма на својата е-маил адреса и со отпечатување на примероците може да го регистрира своето возило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира