„ЕУРОЛИНК“ СО ПОЛИСАТА ЗА СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ „ДОМИ КОМПЛЕТ“ НУДИ ЗАШТИТА НА ДОМОТ И ПОКРИВАЊЕ НА ШТЕТИ КАЈ СОСЕДИТЕ

    „ЕУРОЛИНК“ СО ПОЛИСАТА ЗА СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ „ДОМИ КОМПЛЕТ“ НУДИ ЗАШТИТА НА ДОМОТ И ПОКРИВАЊЕ НА ШТЕТИ КАЈ СОСЕДИТЕПолисата е достапна по бенефицирана цена од 1.200 денари за првата година

    Полисата за осигурување на домот „ДОМИ Комплет“ на „Еуролинк осигурување“ нуди целосна заштита на објектот, покуќнината и на опремата.

    Компанијата соопшти дека овој пакет е создаден да обезбеди функционалност и комфор на домот наспроти непредвидливите ризици по кои може да дојде до голема или целосна загуба. „ДОМИ Комплет“ го заштитува животното вложување во домот, но и обезбедува заштита од одговорност кон трети лица, како при штети што се пренесуваат кај соседите.

    „Во случаите кога има штета во домот, особено при целосно оштетени домови, сведоци сме дека семејствата бараат помош од соседи, пријатели или од институции. Со ‘ДОМИ Комплет‘ им овозможуваме на граѓаните да не се најдат никогаш во ваква ситуација. Со полисата за станбено осигурување, компанијата е таа која презема одговорност и обезбедува конкретна финансиска помош за санирање на последиците“, велат од „Еуролинк осигурување“.

    „ДОМИ Комплет“ дава можност за склучување тригодишен договор за лојалност. Полисата е достапна по бенефицирана цена од 1.200 денари за првата година доколку се осигури и автомобил и важи за сите три пакети (Стандард, Комфор и Мега) и за сите квадратури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира