ФАНОВИТЕ ГИ ПРЕПЛАВИЈА ВОЗОВИТЕ ОД ЛОНДОН ДО ВИНДЗОР ЗА КРАЛСКАТА СВАДБА НА ХАРИ И МЕГАН

    ФАНОВИТЕ ГИ ПРЕПЛАВИЈА ВОЗОВИТЕ ОД ЛОНДОН ДО ВИНДЗОР ЗА КРАЛСКАТА СВАДБА НА ХАРИ И МЕГАНВенчавката на Хари и Меган почнува во 13 часот по македонско време и ќе се пренесува низ целиот свет/ Илјадници граѓани пристигнуваат на станицата Виндзор и Итон (Фото: ЕПА/АП)

    Обожавателите на кралското семејство утрово ги преплавија првите возови од Лондон до Виндзор, упатувајќи се кон венчавката на принцот Хари и поранешната американска актерка Меган Маркл.

    На станицата во Сло, една од најпрометните точки за патниците во Лондон, патниците наидоа на табли со знаци на кои „Качувајте се сите кои одите на свадбата на Хари и Меган“.

    На станицата има многу од САД, меѓу кои и Кристин Кленси од Вирџинија. Кленси вели дека ги сака британската историја и кралевите.

    „Само сакав да бидам дел од свадбената прослава“, вели таа.

    Десетици илјади луѓе се очекува да се приближат на замокот Виндзор во текот на денот (Фото: АП)

    Илјадници луѓе се на улицте околу замокот Виндзор, откако многу од нив кампуваа преку ноќта за да ги фатат најдобрите места за да го видат Хари и Меган.

    Полицајците се поставени на терен за да се осигури безбедноста на десетици илјади луѓе кои се очекува да се приближат на Виндзор во текот на денот.

    Кога Хари денеска ќе се венча со Меган Маркл , таа ќе стане Војвотката од Сасекс.

    Откако нејзиниот татко и официјално потврди дека нема да дојде на свадбата, палатата Кенсингтон објави дека принцот Чарлс ќе ја испрати  Маркл до олтарот.

    Потврдено е дека на свадбата ќе присуствува и 96-годишниот дедо на Хари, принцот Филип, исто како и мајка ѝ на Меган, Дорија Регленд.

    Церемонијата почнува во 13 часот по македонско време и ќе се пренесува низ целиот свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира