ФАВОРИТКАТА НЕТА ОД ИЗРАЕЛ ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА

    ФАВОРИТКАТА НЕТА ОД ИЗРАЕЛ ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈАПејачкатa Нета од Израел, со песната „Играчка“ победи на 63.Евровизија, која се одржа вчера во Лисабон

    Пејачкатa Нета од Израел, со песната „Играчка“ победи на 63.Евровизија, која се одржа во Лисабон, Португалија.

    За најдобра песна на Евровизија во финалето се натпреваруваа 26 земји учеснички, а победникот беше прогласен на основа на собраните гласови од жиријата и гледачите од сите 43 земји учеснички.

    Израел, Кипар и Франција беа фаворите во обложувалниците изминативе денови.

    Водителки беа: Филомена Каутела, Силвија Алберто, Катарина Фуртадо и холивудската актерка Даниела Руа.

    Финалната вечер ја отворија две диви на фадо музиката, Ана Мора и Марица, по што следеше парада на знамиња и дефиле на финалистите низ музиката диџеите на двајца диџеи.

    Македонската група „Ај Кју“, во состав: Бојан Трајковски и Марија Ивановска, настапи на првата полуфинална вечер со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), но не се пласираше во финалето.
    Мотото на годинашното европско музичко натпреварување беше „Тргнуваме“ (All board).

    За време на настапот на британската пејачка Сурај, демонстрант истрча на сцената и ѝ го зеде од раце микрофонот .

    Пејачката остана смирена и успеа да ја заврши докрај изведбата на песната „Бура“.

    Од Европскиот радиодифузен совет соопштија : „Одговорното лице во моментов е во полициски притвор”.
    Финалето на Евровизија во моментов го гледаа колу 200 милиони ТВ гледачи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира