„ФОЛКСВАГЕН“ НЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ВО „ФОЛТСВАГЕН“, НАЈАВАТА БИЛА ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА

    „ФОЛКСВАГЕН“ НЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ВО „ФОЛТСВАГЕН“, НАЈАВАТА БИЛА ПРВОАПРИЛСКА ШЕГАПрес-соопштението за промената на името излегло во јавност неколку дена порано по грешка (Фото: АП)

    „Фолксваген“ нема да го промени името во „Фолтсваген“ во САД, откако излезе дека прес-соопштението што протекло во јавност било првоаприлска шега. Меѓу големите медиуми кои ја објавија веста беа агенцијата АП и Си-Ен-Ен.

    Во соопштението, кое излегло во јавност неколку дена порано по грешка, било наведено дека промената на името го означува преминот на компанијата кон електрични возила и дека била одобрена од шефот на американската подружница, Скот Киох. Компанијата вчера дури го промени името на својот американски сајт и лансираше нов профил на Твитер. Притоа биле негирани шпекулациите дека станува збор за шега.

    Портпаролот на компанијата Марк Џилис денеска потврди дека соопштението било предвремена првоаприлска шега, иако само ден порано тврдеше дека промената на името е вистинита.

    „Фолксваген“ вети дека до 2025 година ќе продаде еден милион електрични автомобили откако неговиот углед беше нарушен со големиот скандал од 2015, кога призна дека мамеле на тестовите за штетни емисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира