ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛУВА 42 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ И ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ

    ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛУВА 42 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ И ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТЖивко Мукаетов, претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“ со дел од стипендистите. (Фото: Алкалоид)

    Фондацијата „Трајче Мукаетов“ годинава по 12. пат доделува стипендии на најдобрите студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопшти фондацијата.  Годинава се одобрени стипендии за 42 студенти, од кои 22-ца студенти од Фармацевтскиот факултет и за 20-мина од Медицинскиот факултет од трета и четврта година. Досега преку Фондацијата стипендии добиле петстотини студенти.

    Првенците на генерација Марио Игњатовиќ од Фармацевтскиот факултет, Елиф Врјанко, Никола Манев, Стефан Пандилов, Влатко Каранфиловски од Медицинскиот факултет ќе добијат еднократна парична награда од фондацијата во висина од илјада и двеста евра во денарска противвредност.

    „Досега се доделени 254 стипендии на студенти од Медицинскиот факултет, а останатите се 196 од Фармацевтsкиот факултет. Од нашите стипендисти досега 374 дипломирале, а годинава имаме пет првенци на генерација, од кои четворица од Медицинскиот факултет и еден од Фармацевтскиот факултет, кои завршиле со просек десет. Од стипендистите, досега 79 работат во Алкалоид, а од оваа година уште двајца ќе ја почнат кариерата овде, меѓу кои и еден од годинашните дипломирани првенци“, претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира