ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ГОДИНАВА СТИПЕНДИРА 39 СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНА И ФАРМАЦИЈА

    ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ГОДИНАВА СТИПЕНДИРА 39 СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНА И ФАРМАЦИЈАЖивко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје со наградените првенци на генерација од Медицински и Фармацевтски факултет во Скопје. (Фото: Е.Ангеловска)

    Фондацијата „Трајче Мукаетов“ годинава доделува 39 стипендии за студенти од трета и четврта година на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овие стипенди Фондацијата „Трајче Мукаетов“, која е формирана од управниот одбор на фармацевтската компанија „Алкалоид АД Скопје“, ги доделува традиоционално почнувајќи од учебната 2007/2008 година.
    „Годинава доделуваме 39 стипендии, од кои 18 се за студенти од Фармафармација и 21 се за студенти на Медицинскиот факултет. Досега фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ додели стипендии на 418 студенти, од кои 159 студенти на фармација и 129 студенти на медицина се веќе дипломирани. Од дипломираните студенти кои сме ги стипендирале 63 се веќе вработени во Алкалоид. Тоа за мене претставува посебна гордост, што студентите кои сме ги помагале во текот на студирањето сега придонесуваат за компанијата. Со ова потврдуваме дека сме општествено одговорна компанија“, рече Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје.
    Стипендија во висина од 6.500 денари во текот на 12 месеци на Фармација ќе добијат 13 студенти кои се трета година, и пет студенти кои се четврта година. На Медицинскиот факултет пак стипендии ќе добијат 13 студенти од трета година и 8 студенти од четврта година.
    Фондацијата „Трајче Мукаетов“ со еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност го награди првенците на генерација на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, односно Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот факултет и Невенка Ридова од Медицинскиот факултет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира