ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ПО 17. ПАТ ДОДЕЛИ 40 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ ПО ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНА

    ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ПО 17. ПАТ ДОДЕЛИ 40 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ ПО ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНАФросина Димоска, Живко Мукаетов и Анастасија Петличковска на доделувањето на наградите. (Фото: „Алкалоид“)

    Првенките на генерација: Фросина Димоска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,72) и Анастасија Петличковска од Медицинскиот факултет (со просек 9,92) се добитнички на еднократната парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност од Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Тие се досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  (УКИМ) од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

    За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

    „Вложувањето во млади таленти од сферата на науката, особено во делот на фармацијата и медицината, е долгорочна инвестиција во поздраво општество. Фондацијата ’Трајче Мукаетов’ во изминатите 17 години е дел од успешната академска приказна на 699 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје. Навистина ми е драго што досега 110 од стипендираните студенти одлучиле да започнат да ги градат своите кариери во некои од одделите на ’Алкалоид’. Високата селективност при ангажирањето стручен кадар и континуираните вложувања во истражување, развој и нови технологии и постојаното стручно надоградување придонесоа ‘Алкалоид’ денес конкурентно и достоинствено да се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

    Во 17. години постоење Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 699 студенти по фармација и по медицина при УКИМ во Скопје и инвестирала близу 141 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

    Од ноември 2022 износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно за постојните и за новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира