Големото дефиле на струмичкиот карневал се одржа синоќа и годинава понуди разновидни маски, совршени креации и одлични музичко сценски настапи. Околу 2.000 учесници од 47 карневалски групи продефилираа по струмичките улици.
Карневалот го следат десетици илјади посетители претежно од земјава, но гости по струмичките улици имаше и од Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора кои ги окупираа струмичките кафеани до раните утрински часови.
Разновидни креации и музичко-сценски настапи, презентираа карневалците, потсетувајќи дека Струмица е балканскиот Рио со својот раскош, убавина и посетеност.
Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денеска, на Прочка, со одржувањето на детскиот карневал.
Фото: Ѓ. Личовски