ФРАНЦИЈА СО ЗАКОН ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ИСМЕВААТ РЕГИОНАЛНИ АКЦЕНТИ

    ФРАНЦИЈА СО ЗАКОН ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ИСМЕВААТ РЕГИОНАЛНИ АКЦЕНТИФранцускиот премиер Жан Кастекс често го исмеваат дека зборува како рабист (Фото: Ројтерс)

    Долниот дом на францускиот парламент усвои закон со кој лингвистичка дискриминација, односно исмевање регионални акценти ќе стане прекршок на ниво на расизам, сексизам и други забранети форми на предрасуди. Прекршителите би можеле да се соочат со затвор до три години или со парична казна до 45.000 евра.

    Францускиот премиер Жан Кастекс е еден од оние чиј акцент често се исмева и притоа велат дека зборува како рабист, имајќи предвид дека потекнува од југозападниот дел на земјата, каде што овој спорт е многу популарен.

    Овој закон ќе донесе олеснување за огромен број Французи кои зборуваат со регионални акценти и често се соочуваат со исмевање и презир во земјата која се наоѓа под културна, економска и политичка доминација на Париз. Французите дури измислија збор за да ја опишат оваа дискриминација – глотофобија, која сега со закон ќе биде забранета.

    Според едно истражување од јануари годинава, 16% од луѓето во Франција биле изложени на дискриминација поради нивниот акцентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира