ФРАНЦУСКА ДВОЈКА СОБРАЛА 3.000 ПРЕДМЕТИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА И ЌЕ ГИ ИЗЛОЖИ ЗА 100-ГОДИШНИНАТА

    ФРАНЦУСКА ДВОЈКА СОБРАЛА 3.000 ПРЕДМЕТИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА И ЌЕ ГИ ИЗЛОЖИ ЗА 100-ГОДИШНИНАТАДодека Франција се подготвува за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, брачната двојка Гидис ја подготвува изложбата на предмети од периодот на 1914-1918 година (Фото: Ројтерс)

    Вазни кои војниците во рововите ги изработувале од шрапнели, војнички униформи, постери и фигурини изработени од остатоци од цепелин ги пречекуваат гостите во домот на Шантал и Серж Гидис.

    Серж Гидис вели дека кукли облечени во униформи кои ги носеле војници и медицински сестри за време на Војната, се распоредени низ целата куќа, како еден вид потсетување на насилството (Фото: Ројтерс)

    Додека Франција се подготвува за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна на 11 ноември, двајцата колекционери се подготвуваат за голема изложба во нивниот дом со над 3.000 предмети од периодот на 1914-1918 година.

    Брачната двојка од Балма, во близина на Тулуз, јужнозападна Франција, ги собираат предметите повеќе од 20 години.

    Колекцијата ја собираат повеќе од 20 години (Фото: Ројтерс)

     

    „Наместо да си играм со кукли, отсекогаш бев опкружена со униформи и воена опрема“, вели 56-годишната Шантал.

    Нејзиниот сопруг Серж (66 години) вели дека кукли облечени во униформи кои ги носеле војници и медицински сестри за време на Војната, се распоредени низ целата куќа, како еден вид потсетување на насилството од тој период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира