ФУСТАН НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ НАД 1,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ФУСТАН НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ НАД 1,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИСе проценуваше дека фустанот ќе се продаде за 100.000 долари. (Фото: Гети)

    Фустанот што го носеше Дијана, принцезата од Велс во 1985 година, е продаден на аукција за 11 пати поголема од проценетата цена. Црниот вечерен фустан од кадифе беше продаден во аукциската куќа „Џулиенс“ во Холивуд за вкупно 1.148.080 долари и постави нов моден рекорд како најскапиот фустан што го носела Дијана, продаден на аукција.

    Се проценуваше дека фустанот ќе се продаде за 100.000 долари.

    Фустанот има потпунки на рамениците, сино здолниште од органца, голема панделка и појас. Дијана првпат го носеше фустанот во Фиренца, Италија во 1985 на вечера додека беше на кралска турнеја со нејзиниот тогашен сопруг Чарлс, принцот од Велс, а повторно во симфонискиот оркестар на Ванкувер во 1986.

    Фустанот беше изработен со ткаенина избрана од светски познатиот трговец со текстил Јакоб Шлапфер и имаше метални извезени ѕвезди внимателно нашиени од дизајнерскиот тим на Жак Азагури. Балетското здолниште се сметаше за знак на покровителство на Англискиот национален балет и нејзината љубов кон танцот.

    Претходно, најскапиот фустан што го носела Дијана продаден на аукција беше кадифена тоалета од Виктор Еделштајн од 1991, која во јануари беше продадена за 604.800 долари. Тоа значи дека тоалетата на Дијана на Жак Азагури речиси го удвои јазот помеѓу првото и второто место. Дијана носеше неколку фустаи дизајнирани од мароканско-британскиот моден дизајнер додека беше со кралското семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира