ГЕПАРДИ СЕ ВРАЌААТ ВО ИНДИЈА ПО 70 ГОДИНИ

    ГЕПАРДИ СЕ ВРАЌААТ ВО ИНДИЈА ПО 70 ГОДИНИГепардите се најбрзите животни на копно и можат да трчаат со брзина од 113 км/ч. (Фото: Твитер)

    Гепарди ќе талкаат низ Индија за првпат откако беа официјално прогласени за истребени во 1952 година. Група од осум гепарди пристигнаа од Намибија по повод роденденот на индискиот премиер Нарендра Моди. Тие ќе поминат еден месец во карантин пред да бидат пуштени во национален парк во централна Индија.

    Гепардите порано живееја во индиските џунгли заедно со други големи мачки како лавови и тигри, но исчезнаа пред 70 години. Гепардите се најбрзите животни на копно и можат да трчаат со брзина од 113 км/ч.

    Ова е првпат голем месојад да се пресели од еден на друг континент и да биде пуштен во дивина.

    Најмалку 20 гепарди ќе дојдат во Индија од Јужна Африка и Намибија, каде што живее една третина од вкупната популација од 7.000. Првите осум, од кои пет женки и три машки, на возраст меѓу две и шест години, пристигнаа денеска од Виндхоек во Гвалиор со модифициран Боинг 747.

    За секој гепард ќе се грижи тим на волонтери, кои ќе го следат движењето со помош на сателити.

    Експертите велат дека комбинација од лов, губење на живеалиштата и недостиг на храна довеле до исчезнување на гепардите во Индија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира