ГЕРМАНИЈА ЈА ЗАПЛЕНИ НАЈГОЛЕМАТА ЈАХТА НА СВЕТОТ ОТКАКО УТВРДИ ДЕКА МУ ПРИПАЃА НА РУСКИ ОЛИГАРХ

    ГЕРМАНИЈА ЈА ЗАПЛЕНИ НАЈГОЛЕМАТА ЈАХТА НА СВЕТОТ ОТКАКО УТВРДИ ДЕКА МУ ПРИПАЃА НА РУСКИ ОЛИГАРХДолга 156 метри, вредноста на јахтата се проценува на 735 милиони долари

    Германските власти ја запленија најголемата јакта на светот откако добиле потврда дека е поврзана со рускиот олигарх Алишер Усманов. Истрагата утврдила дека јахтата е регистрирана на името на неговата сестра Гулбахор Исмаилова.

    Од почетокот на март, на суперјахтата „Дилбар“ ѝ беше забрането да исплови од пристаништето во Хамбург, но во прв момент немало наредба за нејзино запленување. Долга 156 метри, вредноста на јахтата се проценува на 735 милиони долари. Опремена е со два хелиодрома и со најголемиот затворен базен инсталиран на јахта. Одржувањето на јахтата чини 60 милиони долари годишно.

    Богатството на Усманов е проценето на 18,4 милијарди долари и ЕУ го опишува како еден од омилените олигарси на Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира