ГЕРМАНСКА ДВОЈКА ДОБИ 12 ГОДИНИ ЗАТВОР ОТКАКО СИ ГО ПРОДАЛА СИНОТ НА ПЕДОФИЛИ НА ИНТЕРНЕТ

    ГЕРМАНСКА ДВОЈКА ДОБИ 12 ГОДИНИ ЗАТВОР ОТКАКО СИ ГО ПРОДАЛА СИНОТ НА ПЕДОФИЛИ НА ИНТЕРНЕТМајката и очувот сексуално го злоупотребувале момчето најмалку две години, пред да го продадат (Фото: Гети)

    Германска двојка е осудена на долгогодишни затворски казни затоа што си го продала синот на педофили на делот од интернет, познат како дарк нет.

    Судот во Фрајбург ги осуди германските државјани на возраст од 48 и 39 години на 12 и пол години затвор и тие ќе мора да му исплатат отштета од 42.500 евра на момчето, кое имаше девет години кога почна процесот во јуни. Освен него, тие злоупотребувале и тригодишно девојче, кое, исто така, ќе добие отштета.

    Мајката и очувот сексуално го злоупотребувале момчето најмалку две години, пред да го продадат на дарк нет, областа на интернет што е надвор од досегот на познати алатки за пребарување. Тие се осудени за силување, сексуален напад врз дете, принудна проституција и за дистрибуција на детска порнографија.

    Уште пет мажи се осудени во истиот случај, вклучувајќи Шпанец, кој вчера доби десет години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира