Германското пензиско осигурување ќе организира советодавни денови во Македонија, при што ќе бидат посетени два града. Преку индивидуален разговор, заинтересираните лица ќе ги добијат сите информации во врска со германското и македонското пензиско право.
Првата средба ќе се одржи во Скопје на 15 ноември, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а ден подоцна, германската делегација ќе гостува во Струмица.
На средбите ќе учествуваат претставници на Германското пензиско осигурување „Bayern Süd“, Сојузното германско пензиско осигурување и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.