ГЕРМАНСКОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОРГАНИЗИРА СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦА

    ГЕРМАНСКОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОРГАНИЗИРА СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦАЗаинтересираните ќе ги добијат сите информации за германското и македонското пензиско право (Фото: СДК.МК)

    Германското пензиско осигурување ќе организира советодавни денови во Македонија, при што ќе бидат посетени два града. Преку индивидуален разговор, заинтересираните лица ќе ги добијат сите информации во врска со германското и македонското пензиско право.

    Првата средба ќе се одржи во Скопје на 15 ноември, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а ден подоцна, германската делегација ќе гостува во Струмица.

    На средбите ќе учествуваат претставници на Германското пензиско осигурување „Bayern Süd“, Сојузното германско пензиско осигурување и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари