Гледач од публиката направи мал инцидент на Евровизискиот фестивал кога се качи на сцената и ги слече панталоните среде директниот пренос што го следат над 200 милиони гледачи.
За време на настапот на минатогодишната победничка Џамала во паузата додека траеше гласањето и имаше мало шоу, еден гледач од публиката нагрнат со австралиско знаме се качи на сцената до пејачката. Во еден момент се чинеше дека тоа е дел од кореографијата оти тој заигра околу неа, а таа продолжи да пее како ништо да не се случило, по што тој ги слече панталоните и го покажа голиот газ на камерата.
Веднаш беше совладан од обезбедувањето и симнат од сцената.