Светски познатиот комичар Џон Клиз, вчера со свирежи во знак на поддршка, со огромен аплауз од 3-илјадната публика на Сараевскиот филмски фестивал ја прими наградата Срце на Сараево, и рече дека е ова време на кое што комичарите му се многу потребни.
Клиз претпладнево одржа и едночасовна средба со медиумите на која главно говореше за улогата на комичарите, па рече дека не е само страдањето уметност, и смеењето е, зашто е животот фарса: „Гледајте ги вестите и ќе видите дека е така. Понекогаш се многу посмешни и попарадоксални од најдобрите комедии“.
Комедијата, вели Клиз, мора да се симплифицира, зашто публиката не сака да се смее во конфузија. Такви конфузии може да си дозволува драмата, но јас, кој многу сум ги гледал Чаплин и Станлио и Олио, можам да ви кажам дека за комедијата е најдобро таа да е чиста, и да нема ништо отповеќе“.
Монтипајтоновецот се изнасмеја слатко дека беше најавен како легенда, кажуваше смешки за Трамп, за Мардок, за секс, за смрт.
„Депресијата не е корисна работа. Ако се секирате дека немате пари за нова кола, подобро умрете денес. Има толку многу убави работи за уживање во овие тешки времиња“, порача човекот кому Сараево му се заблагодари дека со своите филмови ги одржуваше во добар дух и во најтешкиот период за нив.