ГРАТИС ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ ДО 100 ЕВРА ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ЗЕМАТ ПОЛИСА ЗА СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК

    ГРАТИС ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ ДО 100 ЕВРА ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ЗЕМАТ ПОЛИСА ЗА СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК

    Превентивни прегледи во вредност до 100 евра ќе добијат сите што ќе одберат семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк, како и на оние што ќе го обноват својот договор.

    Од Еуролинк велат дека оваа новина ја воведуваат како дел од својот продукт за приватно семејно здравствено осигурување.

    „Со ова осигурување на семејствата во земјава им нуди врвна здравствена грижа и лекување во сите приватни здравствени установи по нивен избор, без ограничување. Целта е да се стимулираат семејствата да ги прават потребните превентивни прегледи кои ќе придонесат за зачувување и подобрување на нивното здравје“, велат од Еуролинк.

    Еуролинк лани почна да нуди полиса за приватно семејно здравствено осигурување, односно со една полиса се осигурани сите членови на семејството и можат да ги добијат сите општи и специјалистички прегледи и дијагностика, болничко и амбулантно лекување во сите приватни здравствени установи без ограничување. Исплатата на трошоците кон болниците за секое болничко лекување се врши директно од Еуролинк, а за останатите услуги во приватни здравствени установи клиентите добиваат рефундација за платените услуги и лекови.

    Еуролинк нуди три пакети за семејно осигурување, односно основен, комфорт и премиум пакет, со цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно.

    Граѓаните кои ќе одберат комфорт и премиум пакет во промотивниот период до 30 јуни оваа година, добиваат гратис 100 евра за користење на кои било превентивни прегледи по избор на клиентот.

    „Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите со склучување договор за лојалност на две години за пакетите комфорт или премиум“, велат од Еуролинк.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира