ХЈУ ХЕФНЕР ПРЕД 25 ГОДИНИ СИ КУПИЛ ГРОБ ПОКРАЈ МЕРИЛИН МОНРО

    ХЈУ ХЕФНЕР ПРЕД 25 ГОДИНИ СИ КУПИЛ ГРОБ ПОКРАЈ МЕРИЛИН МОНРОЗа да почива покрај легендарната актерка, Хју Хефнер платил 75.000 долари (Фото: Дејли мејл)

    Хју Хефнер, легендарниот основач на магазинот Плејбој, кој почина на 91-годишна возраст, ќе биде погребан веднаш до Мерилин Монро.

    Хефнер си го резервирал местото во меморијалниот парк Вествуд во Лос Анџелес веднаш по нејзината смрт во 1962 година, а 30 години подоцна, за таа привилегија платил 75.000 долари.

    На истите гробишта почиваат и други славни јавни личности, како актерот Дин Мартин, музичарот Рој Орбисон и писателот Труман Капоте.

    Норма Џин Мортенсон, која подоцна се прослави под името Мерилин Монро и стана еден од најголемите секс-симболи на сите времиња, се појави на насловната страница на првото издание на магазинот, што излезе во декември 1953 година.

    Мерилин Монро ја красеше насловната страница на првиот број на Плејбој во декември 1953 година

    Првиот број за рекордно време бил продаден во 50.000 примероци и ова беше само најава на доминацијата на пазарот, бидејќи Плејбој веќе во својата втора година имаше седум милиони претплатници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира