ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА СО ЕКО ТОРБИ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА КРАЛОТ ВО СКОПЈЕ

    ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА СО ЕКО ТОРБИ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА КРАЛОТ ВО СКОПЈЕ„Најголем дел од ѓубрето што го собравме на претходните акции е пластика. Затоа започнуваме со кампања за намалување на употребата на пластичните ќеси: Имам торба“, кажа холандскиот амбасадор Воутер Пломп. (Фото: М. Златевска)

    Холандската амбасада започнува кампања за намалување на употребата на пластичните ќеси: Имам торба, рече холандскиот амбасадор во Скопје Воутер Пломп на синоќешниот прием по повод Денот на кралот.

    „Чистата и здрава средина е важна за сите нас. Утре заедно со нашите партнери Пивара Скопје и Пакомак ќе го имаме првиот клин-ап твит-ап. Најголем дел од ѓубрето што го собравме на претходните акции е пластика. Затоа започнуваме со кампања за намалување на употребата на пластичните ќеси: Имам торба“, кажа во говорот Пломп.

    Премиерот Зоран Заев на приемот по повод на Денот на кралот со регионалниот Аташе за одбрана и регионалниот Аташе за полиција и миграции. (Фото: М. Златевска)

    Присутните на приемот добија торби, дизајнирани од пет македонски дизајнери и направена од еко памук од холандска компанија во Македонија: Хавеп.

    „Користете го хаштагот Имам Торба на социјалните медиуми и бидете нашите први промотори! Промената сепак започнува со секој од нас: сите ние можеме да дадеме свој придонес!“, порача амбасадорот.

    Синоќа се славеше роденденот на Кралот Вилем Александер (иако неговиот роденден е утре). (Фото: М. Златевска)

    Амбасадорот Пломп го посочи движењето Критичната маса, организирано од На Точак, како јасен пример за тоа како граѓаните можат да придонесат кон промени.

    „Ова движење за мене е јасен пример за тоа како граѓаните можат да придонесат кон промени. Скопје започнува да личи на вистински вело-град и горд сум што Амбасадата е дел од овие промени уште од 2008 година, со првата реконструкција на велосипедска патека во Аеродром“, вели амбасадорот Пломп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира