ХРВАТСКА УНИШТУВА 500 МИЛИОНИ БАНКНОТИ НА КУНАТА ПОРАДИ ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕВРОЗОНАТА

    ХРВАТСКА УНИШТУВА 500 МИЛИОНИ БАНКНОТИ НА КУНАТА ПОРАДИ ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕВРОЗОНАТАХрватска ја воведе куната како службена валута на 30 мај 1994 (Фото: Пиксабеј)

    По 28 години како службена валута, Хрватска на 1 јануари ќе ја замени куната со еврото, поради што 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони кованици ќе бидат исечени или претопени, објавија хрватските медиуми.

    Хрватска ја воведе куната како службена валута на 30 мај 1994 и таа од Нова година ќе престане да важи бидејќи земјата влегува во еврозоната. По воведувањето на еврото, во оптекот ќе биде истото количество пари како досега, па така бројот на банкноти од 100 куни ќе биде заменет со пропорционален број на банкноти од по 10 и 20 евра.

    Хартиените евра се со единствен дизајн во целата Европска Унија, додека кованиците имаат и национални мотиви на задната страна. Така хрватските апоени од еден, два и пет центи содржат натпис на глаголица, на оние од 10, 20 и 50 центи е ликот на Никола Тесла, а на кованиците од две евра е мапата на Хрватска. За да се зачува сеќавањето на куната, ова животно е отпечатено на кованицата од едно евро.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира