ИГРИ НА СВЕТЛИНАТА НИЗ СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА – ФОТОГАЛЕРИЈА

    ИГРИ НА СВЕТЛИНАТА НИЗ СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА – ФОТОГАЛЕРИЈА„Скопје лајт арт дистрикт“ почна вчера, а мотото е „Следи ја патеката“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Светлосни инсталации во човечки форми, коли полни со цвеќиња, флуоресцентни перници, игри на светлината со силуети, светлосни ефекти изминативе две вечери може да се забележат низ калдрмите на Старата скопска чаршија, како дел од првото издание на фестивалот „Скопје лајт арт дистрикт“.

    Фестивалот го организира Град Скопје во соработка со францускиот град Лион, каде се одржува најстариот фестивал на светлосна уметност.

    „Скопје лајт арт дистрикт“ почна вчера, на „Белата ноќ“ , ќе трае до вторник, а мотото е „Следи ја патеката“.

    Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира