ИМА САМО ЕДНА ПРВА ДАМА, Ѝ ОДГОВОРИ МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ИВАНА ТРАМП

    ИМА САМО ЕДНА ПРВА ДАМА, Ѝ ОДГОВОРИ МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ИВАНА ТРАМПНе сакала често да му се јавува на Доналд за да не ја прави љубоморна. - Ивана Трамп и Меланија Трамп (Фото: Гети)

    Меланија Трамп ѝ одговори на Ивана Трамп дека е гладна за внимание, откако бившата сопруга на претседателот на САД се нарече себеси Прва дама.

    Во интервјуто за Еј-Би-Си, Ивана Трамп откри дека има директна телефонска линија со својот бивш сопруг во Белата куќа и дека тие разговараат барем еднаш во две недели.

    „Не сакам често да му се јавувам на Доналд, затоа што Меланија е таму. Не сакам да ја направам љубоморна или нешто слично, затоа што јас сум првата сопруга на Трамп. Сфаќате, јас сум прва дама“, изјави Ивана Трамп.

    Вистинската Прва дама на САД жестоко ѝ возврати на Ивана преку својата портпаролка Стефани Гришам.

    „Госпоѓа Трамп ја направи Белата куќа дом за синот Барон и за претседателот. Таа сака да живее во Вашингтон и е почестена што ја носи титулата Прва дама на САД. Таа планира да ја искористи оваа улога за да помага на деца, а не за да пишува книги. Нема никаква основа за ваквата изјава на Ивана Трамп, освен да бара внимание и предизвикува врева во јавноста“, изјави Гришам.

    Ова е прва ваква реакција на Меланија Трамп откако влезе во Белата куќа, имајќи предвид дека досега не одговараше на негитивни критики од медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира