ИНФАРКТОТ Е НАЈДОБРОТО НЕШТО ШТО МИ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ АНТОНИО БАНДЕРAС

    ИНФАРКТОТ Е НАЈДОБРОТО НЕШТО ШТО МИ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ АНТОНИО БАНДЕРAСБандерас често говори за инфарктот откако го сними новиот филм со режисерот Педро Алмодовар„ Болка и слава“ (Фото: „Сони“)

    Шпанскиот актер Антонио Бандерас пред две години имал инфаркт и вели дека тоа е една од најдобрите работи кои му се случиле во животот. Педесет и деветгодишната ѕвезда се сеќава дека додека се опоравувал во болничката соба после операцијата, медицинската сестра му рекла дека срцето е складиште за чувства, и го предупредила дека во наредните месеци и години тој најверојатно ќе се чувствува тажно.

    Бандерас вели дека сестрата била во право, иако отсекогаш се сметал себеси за „тврд орев“, не многу чувствителен и човек кој ретко плаче, одеднаш се фаќа себеси дека плаче додека гледа филмови или слуша музика.

    „Инфарктот ми даде поинаков поглед на тоа кој сум и направи да излезат вистинските работи на површина. Кога го кажувам ова, луѓето мислат дека сум луд, но, инфарктот е една од најдобрите работи кои ми се случиле во животот“, вели актерот кој снима веќе 40 години.

    Бандерас често говори за инфарктот откако го сними новиот филм со режисерот Педро Алмодовар „Болка и слава“. Во филмот, игра сценарист и режисер кој живее за да снима филмови, но престанал да работи бидејќи има физичка болка и болка на душата. Улогата на алтер-егото на Алмодовар, на Бандерас му донесе награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал.

    „Многу брзо по инфарктот почнав да го работам овој филм со Алмодовар. И Педро ми рече: ‘Знаеш што, не знам како да го објаснам ова, но, откако имаше инфакт, нешто се смени во тебе и не сакам да го криеш тоа. Ако го покажеш, тоа ќе биде многу блиску до сите болки кои ги опишувам во филмот’“, вели Бандерас.

    Филмот од 28 септември игра во американските кина, а критичарите веќе му предвидуваат номинации за Оскар за најдобар актер и странски филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира