ИНСТАГРАМ ПОДГОТВУВА КОНКУРЕНТСКА АПЛИКАЦИЈА НА ТВИТЕР, ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

    ИНСТАГРАМ ПОДГОТВУВА КОНКУРЕНТСКА АПЛИКАЦИЈА НА ТВИТЕР, ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦМета, матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, веќе ја тестира апликацијата со инфлуенсери. - Икона на Твитер (Фото: Пекселс)

    Инстаграм планира да пушти во употреба апликација базирана на текст што ќе се натпреварува со Твитер уште во јуни, објави Блумберг. Мета, матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, веќе ја тестира апликацијата со инфлуенсери. Нова апликација ќе биде интегрирана со Инстаграм.

    „Децентрализираната апликација е направена врз основа на Инстаграм, но ќе биде компатибилна со апликации како Мастодон“, вели професорката од Универзитетот Калифорнија, Лиа Хаберман, која предава маркетинг за инфлуенсери.

    Луѓето почнаа да поминуваат помалку време на Твитер откако Илон Маск ја презеде компанијата, поради што веќе се појавија нови конкуренти на социјалната мрежа, како Блускај на основачот на Твитер Џек Дорси.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира