Изминативе неколку месеци, жителите на Њујорк можеа да сретнат необични глетки на улица, одејќи на работа во утринските часови, откако корпи за ѓубре се трансформираа во вазни со букети од разнобојни цвеќиња.
Овие привремени инсталации се идеја на компанијата за аранжирање цвеќиња „Луис Милер дизајн“, која ги собира цвеќињата што остануваат по разни настани, за да создаде мали уметнички дела на раскрсници или околу улични скулптури.
Ова потсетува на инсталациите на Жофрој Мотар, кој со цвеќиња има украсувано статуи и споменици низ Брисел.