ИСЧЕЗНАТАТА КИНЕСКА АКТЕРКА ФАН БИНГБИНГ КАЗНЕТА СО 129 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕПЛАТЕН ДАНОК

    ИСЧЕЗНАТАТА КИНЕСКА АКТЕРКА ФАН БИНГБИНГ КАЗНЕТА СО 129 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕПЛАТЕН ДАНОКФан Бингбинг нема да оди во затвор ако ги плати долговите до 31 декември (Фото: АП)

    Една од најпознатите кинески актерки Фан Бингбинг, која со месеци беше исчезната, доби огромна парична казна поради затајување данок.

    На Фан и на нејзините компании им беше наредено да платат 883 милиони јуани (129 милиони долари) во казни и неплатен данок поради долгови кон државата од 225 милиони јуани. Против неа нема да биде покрената кривична постапка доколку во предвиден рок, до 31 декември, ја плати казната, објави државната агенција „Синхуа“.

    Фан, која има успешна кариера веќе две децении, надвор од Кина е најпозната по улогата во „Екс-Мен: денови на идно минато“, а во својата татковина е заштитно лице на „Мерцедес-Бенц“ и на „Картие“.

    „Искрено им се извинувам на сите. Како јавна личност, јас би требала да го почитувам законот и да бидам пример за општеството и индустријата. Без Комунистичката партија и добрите државни политики, без љубовта од народот, не би ја имало ни Фан Бингбинг“, напиша таа во својата прва изјава по неколку месеци.

    Фан за последен пат беше видена во јавност во јуни и во исто време престана да постира на социјалните мрежи. Магазинот „Форбс“ ја стави на првото место на најплатени кинески славни личности за 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира