Италијанските музеи и културно- историски знаменитости лани привлекоа повеќе од 50 милиони туристи, објави Министерството за култура, додавајќи оти ова е рекордна бројка.
Бројот на посетители беше зголемен за 10,4 отсто во споредба со 2016 година, а приходите од продажба на билети изнесуваа 193,6 милиони евра (232,9 милиони долари), што претставува пораст од 11,6 отсто за период од една година.
Колосеумот и Римскиот форум останаа најпопуларни културни локалитети во Италија, со нешто над 7 милиони посетители, а потоа следува античкиот римски град Помпеја, со речиси 3.4 милиони туристи.