ИЗМАМНИК УКРАЛ 22 ТОНИ СИРЕЊЕ ВРЕДНО НАД 350.000 ЕВРА ОД ПРОДАВНИЦА ВО ЛОНДОН

    ИЗМАМНИК УКРАЛ 22 ТОНИ СИРЕЊЕ ВРЕДНО НАД 350.000 ЕВРА ОД ПРОДАВНИЦА ВО ЛОНДОНИзмамник кој се претставувал како дистрибутер на големо за голем француски продавач заминал со 950 парчиња, односно 22 метрички тони наградуван чедар пред компанијата да сфати дека била измамена и дека станува збор за кражба. (Фото: „Нилс јард“)

    Стотици парчиња сирење чедар вредни над 350.000 евра се украдени од лондонската продавница специјализирана за сирење, „Нилс јард“. Продавницата соопшти дека измамник кој се претставувал како дистрибутер на големо за голем француски продавач заминал со 950 парчиња, односно 22 метрички тони наградуван чедар пред компанијата да сфати дека била измамена и дека станува збор за кражба.

    „Високата парична вредност на овие сирења веројатно ги направила посебна цел за крадците“, се вели во соопштението на „Нилс јард“, дистрибутер, трговец на големо и малопродажба на британско ракотворно сирење.

    Британската полиција и меѓународните власти трагаат по виновниците. Исчезнаа речиси 950 тркала сирење завиткано со платно од тројца производители: органски чедар „Хафод Велс“, чедар „Весткомб“ и чедар „Пичфорк“. Млекарницата продава парче „Хафод“ чедар за 15 евра за 270 грама. Том Калвер, директор на млекарницата „Весткомб“, рече дека вложиле многу труд за да се направи сирењето кое било старо од 12 до 18 месеци.

    Продавницата „Нилс јард“ побара од меѓународните продавачи на сирење да внимаваат на украденото сирење, особено во блокови од 10 и 24 килограми. Вели дека целосно ги платила сите три производители на сирење, во согласност со нејзиниот етос за поддршка на малите независни бизниси кои го развиваат британскиот сектор за сирење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира