ИЗВИНИ НИ СЕ В ЛИЦЕ, ПОБАРАА ОПЕРСКИТЕ ПЕЈАЧКИ ОД ПЛАСИДО ДОМИНГО ПО НЕГОВОТО ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    ИЗВИНИ НИ СЕ В ЛИЦЕ, ПОБАРАА ОПЕРСКИТЕ ПЕЈАЧКИ ОД ПЛАСИДО ДОМИНГО ПО НЕГОВОТО ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕСопранистката Луз дел Алба Рубио ден по извинувањето на Доминго им се придружи на 20-те колешки во обвинувањата за сексуално вознемирување и недолично однесување. (Фото: АП/Гети)

    Зборовите „жал ми е“ кои оперската ѕвезда Пласидо Доминго им ги упати на жените кои го обвинија за сексуално вознемирување, ја изненадија сопранистката Луз дел Алба Рубио, која ден по извинувањето им се придружи на колешките.

    „Се почувствував како да го освоивме Голијат. Сега веќе не треба да се плашиме да проговориме“, вели оперската пејачка од Уругвај. „Претходно ги негираше обвинувањата. После стана жртва. Сега бара ослободување. Ако навистина го мисли тоа дека му е жал, ќе барам од него да ни се извини на нас, лице в лице. Има жени кои 20 години страдаат. Тој мора да побара прошка од нас“, изјави таа за АП.

    Доминго се извини затоа „што им нанел болка“ на жените кои го обвинија за сексуално вознемирување. Шпанскиот тенор лани во август се повлече од функцијата генерален директор на Операта во Лос Анџелес, по обвинувањата на 20 жени за сексуално вознемирување и недолично однесување. Тој ги негира сите обвинувања.

    „Го почитувам тоа што сите овие жени конечно се почувствуваа слободни да може да проговорат. Сакам да знаат дека ми е навистина жал за болката која сум им ја нанел. Преземам целосна одговорноста за сите мои постапки и многу научив од ова искуство“, стои во изјавата која ја објави „Лос Анџелес тајмс“.

    Изјавата на Доминго следи откако беше објавено дека Американскиот синдикат на оперски пејачи кажа дека направиле истрага и оти Доминго „бил вклучен во непристојна активност, од флертување до сексуално вознемирување, во и надвор од работното место“.

    Мецосопранот Патриша Вулф е една од оперските пејачки која го обвини Доминго. (Фото: АП)

    Обвинувањата се однесуваат за период од 1980-те, а првично беа обајвени во август од АП. Оперските пејачки и една балерина го обвинија дека ги присилувал на сексуални односи, и дека понекогаш професионално ги казнувал ако го одбиеле.

    „Изминативе месеци имав време да размислам за обвинувањата на повеќе колеги кон мене. Сега знам дека на некои жени им било тешко да се отворат, бидејќи биле загрижени за своите кариери. Иако тоа никогаш не ми беше цел, никој не треба така да се чувстува“, изјави Доминго.

    По објавувањето на приказните на жените, сите оперски куќи во САД ги откажаа неговите настапи, но европските не. Кралската опера во Лондон најави дека Доминго летово ќе пее во операта „Дон Карло“ од 29 јуни до 19 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира