ЈАПОНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР МАЕЗАВА ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ТУРИСТ НА МЕСЕЧИНАТА

    ЈАПОНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР МАЕЗАВА ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ТУРИСТ НА МЕСЕЧИНАТАЈусака Маезава најави дека на своето патување, планирано за 2023 година, ќе покани шест до осум уметници од целиот свет (Фото: Твитер)

    Компанијата на Илон Маск „СпејсЕкс“ го објави името на првиот приватен патник околу Месечината и тоа ќе биде 42-годишниот јапонски милијардер Јусака Маезава.

    „Решив да одам на Месечината“, изјави модниот бизнисмен.

    Се очекува тој да лета со сѐ уште недовршената ракета Биг фалкон (БФР), што Маск првпат ја претстави во 2016 година. Оваа мисија е планирана за 2023 година и тоа ќе биде првото слетување на човек на Месечината од 1972 година.

    „Овој лет ќе биде важен чекор напред кон остварувањето на сонот на обичните луѓе да патуваат во вселената“, објави компанијата.

    Маезава го привлече вниманието минатата година, кога на аукција во Њујорк, плати 110,5 милиони долари за дело на Жан-Мишел Баскија. Тој кажа дека на своето патување ќе покани шест до осум уметници од целиот свет.

    „По враќањето на Земјата, ќе ги замолам да креираат нешто. Тие ремек-дела ќе го инспирираат сонувачот во сите нас“, кажа Маезава.

    Само 24-ца луѓе досега стапнале на Месечината и сите се Американци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира