ЈАПОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ СОЗДАДОА ГЛУВЧИЊА ОД МАТИЧНИ КЛЕТКИ НА ДВАЈЦА МАЖЈАЦИ

    ЈАПОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ СОЗДАДОА ГЛУВЧИЊА ОД МАТИЧНИ КЛЕТКИ НА ДВАЈЦА МАЖЈАЦИГлувците се родени во Осака, Јапонија, во септември 2021, а истражувањето водено од Катсуко Најаши беше објавено во списанието „Нејчр“ на 16 март. (Фото: АП)

    Научниците за првпат создадоа глувци од двајца мажјаци со претворање на матичните клетки од мажјакот во женски клетки во лабораторија. Глувците се родени во Осака, Јапонија, во септември 2021, а истражувањето водено од Катсуко Најаши беше објавено во списанието „Нејчр“ на 16 март.

    Ова ја зголемува можноста во иднина да се направи истото за луѓето, иако експертите предупредуваат дека многу малку ембриони од глувци се родени живи и никој не знае дали истата техника ќе функционира кај човечките матични клетки.

    „Тоа е многу паметна стратегија што е развиена за конвертирање на машки матични клетки во женски матични клетки“, вели Дијана Лерд, експерт за матични клетки и репродуктивност од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, која не беше вклучена во истражувањето. „Тоа е важен чекор и во матичните клетки и во репродуктивната биологија“.

    Во објаснувањето, научниците велат дека прво зеле клетки од кожата од опашките на мажјаците и ги трансформирале во „индуцирани плурипотентни матични клетки“, кои можат да се развијат во многу различни типови на клетки или ткива. Потоа, преку процес кој вклучуваше нивно одгледување и терапија, тие ги конвертираа матичните клетки од мажјак во женски клетки и произведоа функционални јајце клетки. На крај, тие ги оплодиле и ги вградиле ембрионите во женките. Околу 1% од ембрионите – 7 од 630 – прераснале во живи глувчиња.

    Лерд и нејзиниот колега Џонатан Баерл велат дека овој проект „отвора нови патишта во репродуктивната биологија и истражување на плодноста“ за животните и луѓето. По овој пат, на пример, може да биде можно да се репродуцираат загрозени цицачи од еден мажјак.

    „И може дури и да обезбеди образец за да им се овозможи на повеќе луѓе, како што се машките истополови парови, да имаат биолошки деца, притоа заобиколувајќи ги етичките и правните прашања“, велат тие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира