ЈАС НЕ ГО ИНИЦИРАВ РАСПАДОТ НА „БИТЛС“, ТУКУ ЛЕНОН, ОТКРИ ПОЛ МАКАРТНИ ПО 51 ГОДИНА

    ЈАС НЕ ГО ИНИЦИРАВ РАСПАДОТ НА „БИТЛС“, ТУКУ ЛЕНОН, ОТКРИ ПОЛ МАКАРТНИ ПО 51 ГОДИНАМакартни вели дека тој сакал групата да продолжи (Фото: Епл корпс)

    Распадот на „Битлс“ е еден од најанализираните во музичката историја. Кога пред 51 година Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар тргнаа секој по свој пат, обвинувањата за тоа најчесто беа упатени кон Макартни и така остана до денес. Тој сега ја расчисти оваа дилема во новата епизода на радио-шоуто „Културен живот“ на „Би-Би-Си“.

    Јас не го иницирав распадот. Тоа беше нашиот Џони. Тој еден ден влезе во соба и кажа дека ја напушта групата. Што е тоа ако не поттикнување распад“, вели Макартни.

    Навраќајќи се на она што го опиша како најтешкиот период во неговиот живот, Макартни откри дека тој сакал групата да продолжи.

    По осум години заедно, ние сè уште правевме доста добри работи. Тоа беше мој бенд, мој живот, моја работа и сакав да продолжи. Да не се откажеше Ленон, музичкото патување на ‘Битлс‘ ќе траеше многу подолго. Сепак, Џон почна нов живот со Јоко Оно и секогаш сакаше да се повлече од општеството“, вели Макартни.

    Легендарна приказна е дека Макартни на своја рака го распуштил бендот во 1970 година кога одговорајќи на новинарско прашање, потврди дека „Битлс“ веќе не постои и го најави својот прв соло албум. Во прилог не му одеше ни тоа што потоа ангажираше адвокати за решавање на меѓусебните спорови.

    Морав да живеам со тоа, зашто луѓето така гледаа на работите“, кажа Макартни, кој следната година ќе полни 80 години.

    Тие молчеле неколку месеци за распадот на барање на менаџерот Ален Клајн.

    Така неколку месеци се преправавме. Беше чудно, зашто сите знаевме дека групата е готова, а не можевме да си заминеме. Ми дојде преку глава од сè и затоа одлучив да кажам јавно“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира