ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЈА ПРАВИ ВИЕНА НАЈПОГОДЕН ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ, ЗА ЕДНО ЕВРО ДНЕВНО ГО КОРИСТАТ ПОЛОВИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ

    ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЈА ПРАВИ ВИЕНА НАЈПОГОДЕН ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ, ЗА ЕДНО ЕВРО ДНЕВНО ГО КОРИСТАТ ПОЛОВИНА ОД ЖИТЕЛИТЕГрадските власти се посветени да ја направат Виена јаглеродно неутрална до 2040 година (Фото: Шатерсток)

    Виена во разни избори често се прогласува за најпогоден град за живеење на светот и тоа делумно се должи на неговиот јавен превоз.

    Градот има два милиона жители и половина од нив редовно користат јавен превоз. Дневна карта чини едно евро, односно 365 евра за годишна карта и така е од 2012. Тоа исто така има голем удел во заштитата на климата“, вели Јозеф Таухер, градски советник од редовите на Социјалдемократската партија.

    Градските власти се посветени да ја направат Виена јаглеродно неутрална до 2040 година, одлука која беше донесена пред две години.

    Ние секој ден возиме петпати околу светот со нашите автобуси, трамваи и подземна железница“, вели Таухер, алудирајќи на километрите што се поминуваат со јавниот превоз.

    Според градските статистики, тројца од петмина луѓе во Виена се возат со јавен превоз, а повеќе од една третина жители одат пешки. Само една четвртина патува со автомобил секој ден.

    Од 792 милиони патувања со „Виенските линии“ во 2022, 352 милиони биле со метро и 274 милиони со трамвај. Едно неодамнешно истражување покажа дека 91% жители се задоволни со јавниот превоз, во што Виена е прва во Европа.

    Градот работи и на проширувањето на мрежата на јавниот превоз.

    Го подобруваме системот зашто имаме и застарена инфраструктура. Некои трамваи возат од почетокот на 20. век. За 2026 е планирана и целосно нова автоматизирана метро линија“, кажа Таухер.

    Проширувањето треба да донесе дополнителни 300 милиони патувања годишно и заштеда на 75.000 тони јаглероден диоксид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира