ЈУЖНА КОРЕЈА КОНЕЧНО ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ЈАДАТ КУЧИЊА

    ЈУЖНА КОРЕЈА КОНЕЧНО ЌЕ ЗАБРАНИ ДА СЕ ЈАДАТ КУЧИЊАКорејската практика на јадење кучиња беше жестоко критикувана во странство (Фото: Вашингтон пост)

    Јужна Кореја планира да забрани јадење кучешко месо и да стави крај на контроверзниот древен обичај среде порастот на свесноста за правата на животните. Корејската практика на јадење кучиња беше жестоко критикувана во странство, но во последно време тоа е присутно и во самата земја, особено кај младата популација.

    Време е да ставиме крај на социјалните конфликти и контроверзи околу консумацијата на кучешко месо така што ќе ја забраниме со посебен закон“, изјави Ју Еуи-донг, шефот на политиката во владејачката партија Народна моќ.

    Законот со кој ќе се воведе оваа забрана ќе биде претставен оваа година и се очекува едногласно да помине во парламентот. Тој ќе има одложена примена во следните три години. 

    Претседателот и првата дама на Јужна Кореја се гласни противници на јадењето кучешко месо и имаат посвоено улични кучиња.

    И во минатото имаше обиди да се донесе ваков закон, но неуспешно, поради противењето на индустријата на кучешко месо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира