КАДЕ ТОЧНО СТОЕЛЕ ЏОПЛИН И ХЕНДРИКС, АРХЕОЛОЗИ ГО ПРЕБАРУВААТ ТЕРЕНОТ НА ВУДСТОК ЗА ДА ЈА ОЗНАЧАТ СЦЕНАТА

    КАДЕ ТОЧНО СТОЕЛЕ ЏОПЛИН И ХЕНДРИКС, АРХЕОЛОЗИ ГО ПРЕБАРУВААТ ТЕРЕНОТ НА ВУДСТОК ЗА ДА ЈА ОЗНАЧАТ СЦЕНАТААрхеолозите велат дека не можат да се потпрат на воздушните снимки снимени за време на концертот, за да ја утврдат точната локација на сцената и на звучниците (Фото: АП)

    Археолози работат на ридот каде во 1969 годинa се одржа музичкиот фестивал Вудсток, со цел да мапираат каде точно пред 49 години настапиле ѕвезди како „Ху“, Џенис Џоплин, Џими Хендрикс и Џо Кокер.

    „Целта на ова истражување е да дефинираме каде била сцената на просторот каде имало 400.000 публика“, вели Џош Андерсон, од археолошкиот центар на Универзитетот „Бингамтон”.

    Археолозите го пребаруваат теренот, во пресрет на 50 годишнината од концертот, која ќе се слави в година (Фото: АП)

    Стоејќи покрај остатоци од железна ограда, тој вели: „Можеме ова да го искористиме како референтна точка. Луѓето можат да застанат тука, да погледнат на ридот и да речат: ‘ Ова е местото каде стоеја музичарите. Џими Хендрикс стоеше овде и свиреше на својата гитара во 8:30 наутро“.

    Петдневните ископувања откриваат некои артефакти кои не се од големо значење, како : делови од стари плочи, делови од скршено стакло од шише, делови од лименки.

    Директорот на Музејот во Бетел вудс, Вејд Лоренс вели дека археолозите ќе му помогнат на Музејот  да ги означи пешачките патеки на време, за одбележувањето на 50 годишнината од концертот следната година.

    Тој додаде дека не можат да се потпрат на воздушните снимки снимени за време на концертот, за да ја утврдат точната локација на сцената и на звучниците.

    „Ова е значајно историско место во американската култура, еден од ретките мирољубиви настани што се одбележуваат од 1960-тите”, рече Лоренс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира