КАЈ СИЦИЛИЈА ПРОНАЈДЕН ДРЕВЕН РИМСКИ БРОД СО СТОТИЦИ АМФОРИ СТАР НАД 2.000 ГОДИНИ

    КАЈ СИЦИЛИЈА ПРОНАЈДЕН ДРЕВЕН РИМСКИ БРОД СО СТОТИЦИ АМФОРИ СТАР НАД 2.000 ГОДИНИОстатоците од бродот се пронајдени на длабочина од околу 46 метри (Фото: Министерство за култура на Италија)

    Италијанските нуркачи открија остатоци од древен римски брод покрај брегот на Сицилија, за кој се верува дека е стар повеќе од 2.000 години. Бродот е пронајден со стотици добро сочувани амфори, кои се користеле за транспорт на стоки, како вино и маслиново масло.

    Министерот за култура Алесандро Џули кажа дека ова е едно од најважните подводни археолошки откритија во последните години.

    Специјализирани полициски нуркачи го пронајдоа бродот на длабочина од околу 46 метри, по дојава од рибари. Според извештаите во локалните медиуми, остатоците од бродот се долги 21 метар и широки шест метри.

    Министерството за култура вели дека бродот датира од вториот или од првиот век.

    Се смета дека на дното на Средоземното Море има доста вакви древни бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира