КАНАДА И ДАНСКА ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ МАЛИОТ АРКТИЧКИ ОСТРОВ ЗА КОЈ ВОДЕА СПОР 50 ГОДИНИ И СИ ОСТАВАА ШИШЕ АЛКОХОЛ

    КАНАДА И ДАНСКА ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ МАЛИОТ АРКТИЧКИ ОСТРОВ ЗА КОЈ ВОДЕА СПОР 50 ГОДИНИ И СИ ОСТАВАА ШИШЕ АЛКОХОЛОд 1980-ите, островот Ханс главно го посетуваа научници и војници (Фото: Википедија)

    Канада и Данска ќе го поделат малиот ненаселен арктички остров Ханс, ставајќи крај на 50-годишниот спор околу сопственоста врз огромната карпа.

    Сместен на еднаква оддалеченост од Гренланд и канадскиот остров Елесмир, сојузниците од НАТО од 1971 беа вклучени во добродушна расправија околу островот, при што едни на други си оставаа шише канадско виски или данска ракија. Тие ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километра на два еднакви дела, стои во договорот што го објави данското министерство за надворешни работи.

    „Ова е сигнал до други дека ова е начин да се реши нешто. Не знаеме, сепак, дали е реалистично ако е вклучена Русија“, изјави данскиот воен историчар Сорен Нерби.

    Островот е именуван според гренландскиот истражувач Ханс Хендрик, кој бил дел од првата експедиција на островот во 1853 година. Двете земји не знаеле за тврдењето на другата страна сè до билатерална средба во 1971, на која се дискутирало за територијалните граници. Од 1980-ите, островот го посетуваа научници и војници, кои го отстрануваа знамето на другата страна и притоа оставаа подароци.

    Во 2018, Данска и Канада се договорија да формираат работна група за да се реши спорот. Со овој договор, тие ја воспоставија најдолгата морска граница на светот, чија должина е 3.882 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира